Денеска беа одиграни натпреварите од 12. коло во македонската кошаркарска Прва Лига, при што до убедлива побед стигна МЗТ Скопје против Шкупи со 90-54, а немилосрден беше и Куманово против ТФТ Скопје со 78-59.

Екипата од Аеродром уште во првата четвртина го најави триумфот откако му дозволи на ривалот да постигне само девет поени, по што продолжи доминацијата во остатокот од натпреварот. МЗТ Скопје беше одличен и во третата четвртина (29-9) со што ја потврди победата.

Најефикасен во победата беше Андреј Маслинко со 16 поени, пет скокови и една асистенција, додека Вилијамс на спротивната страна имаше дабл-дабл, односно 15 поени и 14 скокови.

Куманово ја продолжи победничката серија на шест натпревари во Првата лига, откако вечерва со 78-59 го надигра ТФТ Скопје. Урош Луковиќ беше незапирлив за скопскиот тим, па го заврши натпреварот со 25 поени и 19 скокови кои му помогнаа на Куманово да го запише осмиот триумф сезонава.

Пелистер оствари победа од 95-88 против Тиквеш, откако уште во првото полувреме беше подобар од ривалот и го доби со 49-38, по што гостинскиот состав почна да се буди во последните 10 минути, меѓутоа беше премногу доцна за било какво изненадување. Најефикасен во победничкиот состав беше Мишковиќ со 18 поени, додека Хил запиша 30 поени за тимот од Кавадарци.

Кожув тргна лошо против Чаир (15-18), но се созема до крајот на првото полувреме (43-30) и потоа без проблеми го совлада ривалот. Најдобар во победничкиот тим беше Пилепиќ со 23 поени, четири скокови и четири асистенции.

Табела:

МЗТ Скопје 21, ТФТ Скопје 21, Пелистер 21, Кожув 20, Куманово 20, Работнички 19, Чаир 19, Феникс 16, Гостивар 15, Шкупи 15, Тиквеш 15, Вардар 11.