„Меси игра во селска лига, Аргентина со него е како со фудбалер помалку“

Легендарниот аргентински голман, Уго Орландо Гати кој има 80 години даде контроверзна изјава велејќи дека Лео Меси веќе не треба да игра за репрезентацијата на Аргентина и дека Кристијано Роналдо е подобар.

Иако за Аргентинците Лео Меси е бог, има и такви кои не му се поклонуваат на напаѓачот. Еден од нив е Уго Гати кој веќе неколкупати го критикуваше својот сонародник.

„Да, Лео Меси може да игра на Светското првенство во 2026, но Аргентина со него ќе биде како со играч помалку. Би рекол дека и во моментов Аргентина со него е како со играч помалку… тој игра во селска лига во САД“, вели Гати.

„Но и покрај тоа играше во најдобрите тимови и на високо ниво во различни првенства. Каде играше Меси? Само во Барселона и репрезентацијата на Аргентина. Меси не сакаше да се испроба во други тимови, во други држави. А имаше прилики за тоа“.

Гати директно беше прашан зошто не го сака Меси, а тој имаше интересен и необичен одговор и на ова прашање.

„Не го удираат доволно. Како што Ди Стефано обожаваше да каже, ако противникот ви дозволува да играте фудбал, ќе играте цел ден. Пеле, Ди Стефано и Марадона редовно јадеа ќотек на терените. Меси никој не го допира“.

Кога новинарот му посочи дека и Роналдо не е во Европа, туку игра во Саудиска Арабија, тој одговори: 

„Да, но таму е многу потешко. Таму сите играат, таму се трча, те бркаат цело време, ќе те убијат. Кристијано можеби е лимитиран, но тој е феномен. И вака лимитиран е подобар од Меси. И лимитиран е бидејќи го нема талентот на Меси“.