Робињо понижен на Божиќ - ќе остане зад решетки!

Поранешниот бразилски фудбалер Робињо во моментов е во затвор поради силување на девојка, а ќе остане таму и за празниците, иако побарал за Божиќ да биде пуштен дома.

Робињо во март годинава беше осуден на девет години затвор по групно силување на девојка во Италија, а откако стигна во татковината веднаш беше испратен во затворот „Хозе Аугусто Цезар Салгадо“.

Потоа беше префрлен во друг затвор, каде што му беше одбиено барањето да излезе за празниците, па така Божиќ и останатите денови ќе ги помине зад решетки.