Му го уништи лицето на Донарума - не доби ни жолт картон (ВИДЕО)

Дербито на француското првенство се игра вечерва во Монако каде истоимениот тим се среќава со ПСЖ, а по првото полувреме резултатот е 1-0 за гостинскиот тим.

Сепак, воведните 45 минути ги одбележа стартот на Вилфред Синг, непосредно пред голот на „светците“. Во обид да го прескокне Џанлуиџи Донарума, Синг со копачка влезе во лицето на италијанскиот голман и му нанесе тешка повреда поради која мораше да го напушти теренот и да биде извршена измена.

Најинтересно е тоа што за бруталниот, хорор старт, Синг не доби ни жолт картон и продолжи да игра како ништо да не се случило.