Истрага во Манчестер Јунајтед - кој е „кртот“ во тимот?
Причина за ова беше одлуката на португалскиот стручњак, Маркус Рашфорд и Алехандро Гарначо да не бидат во стартната постава за градското дерби против Манчестер Сити. Некои од медиумите во Англија ја имаа таа информација уште во саботата навечер, 20-тина часа пред почетокот на натпреварот и покрај тоа што Аморим не го објави јавно составот.
На социјалните мрежи се појавија шпекулации дека „кртот“ е Алехандро Гарначо, односно неговиот брат Роберто, но тој категорично ги отфрли обвинувањата. Новиот менаџер зборувал со неколку фудбалери, меѓу кои и херојот од вчерашниот натпревар Амад Диало, но и тој рекол дека нема никаква врска со тоа.
Победата на Етихад го стави во втор план овој проблем во Јунајтед, но секако дека во следниот период уште повеќе ќе се зборува на оваа тема.