Силва „распали“ по колегите: Играме како деца до 15 години!
По натпреварот се јави една од најголемите ѕвезди на „граѓаните“, Бернардо Силва кој не беше задоволен со играта на неговите колеги.
„Заслуживме да ни се случува ова. На ова ниво може еден или два меча да бидат несреќни, но не и 10. Водиме во дерби со 1-0 до 87 минута и потоа направивме глупави грешки. Играме како деца до 15 години. Мора да се погледнеме во огледало и да ги корегираме грешките“, кажа Силва.
„Граѓаните“ по 16 одиграни кола се наоѓаат на петтото место со 27 бодови.