Интер со шест гола го понижи Лацио среде Рим (ВИДЕО)

Лацио доживеа еден од најболните порази во изминатиот период, откако вечерва загуби со 0-6 од големиот ривал Интер среде Рим во 16. коло од Серија А.

Домаќинот одигра солидно прво полувреме, во кое создаде шанси, но не ги користеше и казната стигна во завршницата на првиот дел кога стрелаа Чалханоглу и Димарко.

Дебаклот на Лацио го најавија Барела и Думфрис кои во рок од неколку минути во вторите 45 минути стрелаа за предност од 4-0 на „нераѕурите“.

Лацио не можеше да се соземе по четирите гола кои ги прими за помалку од еден час игра, па во финишот на средбата прими уште два гола, и тоа од Карлос Аугусто и Турам.

Интер има 34 бодови на третата позиција во Серија А, додека Лацио остана на петто место со 31 поен.