Трагедија: Навивач починал на градското дерби во Манчестер!
„Граѓаните“ ја информираа јавноста дека еден нивни навивач го загубил животот. На мажот му се слошило по влегувањето на трибините, по што реагирале медицинските екипи, но не успеале да му помогнат.
„Еден навивач почина откако му беше укажана медицинска помош. Докторите се обидуваа да го реанимираат околу 20 минути, по што со возило на Итна помош беше пренесен во болница, но за жал почина“, соопштија од клубот.
Manchester City are aware of the tragic news that one of our supporters passed away following a medical incident at yesterday's match.
— Manchester City (@ManCity) December 16, 2024
The thoughts of everyone at the Club are with their family and friends at this incredibly difficult time.