Јамал пред потпис на нов договор - ќе добие откупна клаузула од милијарда евра

Талентираниот шпански репрезентативец Ламин Јамал наскоро ќе потпише нов договор со Барселона, а тоа го најави неговиот менаџер Жорже Мендеш.

Јамал ќе стави потпис на шестгодишна соработка со каталонскиот гигант, а во договорот ќе има клаузула од милијарда евра.

Младиот фудбалер минатото лето привлече голем интерес, а Барселона одби понуда од 250 милиони евра за неговите услуги.

Мендеш откри дека Јамал е среќен во Барселона, па поради тоа ќе потпише нов договор со гигантот.