Вест хем освои само бод кај незгодниот Бормут

Фудбалерите на Бормут и Вест хем си поделија по еден бод во 16. коло од англиската Премиерлига.

Мрежите на натпреварот мируваа сè до 87. минута кога Пакета од пенал стрелаше за предност од 1-0 на „чеканите“, но радоста не траеше долго затоа што Унал на истекот на регуларните 90 минути погоди за 1-1.

Бормут со овој бод скокна до шестата позиција во лигата со 25 бодови, додека Вест хем остана на 14. место со 19 поени.