Ливерпул подготвува „новогодишно пакетче“ за Слот од - 50 милиони фунти

Англискиот гигант Ливерпул се наоѓа во криза по одличниот почеток на сезоната, па поради тоа управата на клубот од „Енфилд“ планира да му донесе големо засилување на тренерот Арне Слот.

Слот имал една желба, па управата ќе му ја исполни и ќе потроши 50 милиони фунти за 23-годишнито Чарлс Де Кетеларе од Аталанта.

Белгискиот репрезентативец игра одлично во дресот на Аталанта, па поради тоа го привлече интересот од „црвените“ кои нема да штедат пари.

Аталанта претходно го купи талентираниот фудбалер од Милан за 22 милиони евра.