Раул Гонзалез си оди во јуни, ПСЖ го претстави неговиот наследник
Денеска, тој и неговиот помошник Хенрик Мелгард потпишаа договор на две сезони, а на тренерската функција, Мадсен ќе го замени Раул Гонзалез кој од 2018 година беше тренер на францускиот гигант. Познати е дека Раул веќе се договори со Ракометниот сојуз на Србија да стане нов селектор на оваа земја и по завршувањето на оваа сезона ќе се посвети целосно на новиот ангажман.
„Почестен сум што доаѓам во клуб како ПСЖ. Тоа е огромна одговорност, но во исто време и предизвик кој го прифаќам со голем ентузијазам. Со нетрпение очекувам да почнам да работам со играчите и целиот стручњан штаб, убеден дека можеме да оствавиме големи успеси“, рече Мадсен.
Данецот не е непознато име во европскиот ракомет, од 2018 до 2024 година го водеше Алборг и со него два пати стигна до финалето на Лигата на шампионите, а притоа освои и четири титули во данското првенство и две во Купот. Во моментов е тренер на египетскиот Ал Ахли со кого во октомври ја освои африканската Лига на шампионите и бронзениот медал на Светското клупско првенство.