Уште еден проблем за Тотнем: Заврши сезоната за романскиот дефанзивец
Последен кој се повреди е Романецот Драгушин кој изминатото лето пристигна во Лондон за сума од 25 милиони евра. Романскиот дефанзивец се повреди во натпреварот против Елфсборг во Лигата на Европа и беше заменет во 66-та минута.
Лекарските прегледи покажаа дека се здобил со кинење на предните вкрстени лигаменти на десното колено и ќе мора да биде опериран.
Драгушин го чека долга пауза, а сезоната за него сигурно е завршена. Надвор од комбинација за настап од претходно се: Викарио, Тимо Вернер, Дестини Удоги, Доминик Соланке, Кристијан Ромеро, Џејмс Медисон, како и младите Одоберт и Џонсон.