Тешки денови за „ѓаволите“: Јунајтед нема голем буџет ни за летниот преоден рок

Манчестер Јунајтед ќе мора да продава фудбалери во летниот преоден рок за да си обезбеди финансиски средства за засилувања претстојното лето.

И покрај тоа што зимава се ослободи од Рашфорд и Антони, поранешниот англиски шампион нема многу пари за нови играчи. Во јануарскиот преоден рок на Олд Трафорд пристигнаа само Доргу од Лече за 25 милиони и Ејдан Хејвен од Арсенал за 1,5 милиони фунти.

Извесно е дека на крајот на сезоната, на продажба ќе бидат Гарначо и Мејну од кои клубот би можел да собере околу 150 милиони фунти и потоа, евентуално, да донесе нови играчи, но секако ќе мора да донесе и замени за нив. Ако Рашфорд остане во Астон Вила, би требало да донесе уште околу 40 милиони и само тие средства би биле добивка.