Тод: Редовно го гледам Михаел Шумахер

Повеќе од 11 години јавноста нема информации за состојбата во која се наоѓа поранешниот седумкратен светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер.

Тој доживеа трајно оштетување на мозокот додека скијаше во Франција во последните денови од 2013 година и оттогаш е изолиран во семејната куќа во Швајцарија. Неговите информации не знаат што се случува со него, а влезот им е дозволен само на членови на фамилијата и блиски пријатели. Меѓу нив и поранешниот шеф на Ферари, Жан Тод кој откри дека редовно го посетува Шумахер.

„Семејството одлучи да не одговара на прашање за неговата состојба и јас го почитувам тој избор. Редовно го гледам Михаел и неговото семејство, нашата поврзаност е над некогашната деловна соработка, тие се дел од мојот живот“, изјави Тод.

Неодамна светските медиуми објавија информации дека Шумахер присуствувал на венчавката на неговата ќерка, но во јавноста немаше фотографии од тој настан. Изјавата на Тод секако значи дека Михаел е контактибилен и дека може да оствари комуникација со околината.