Нова победа на Звезда, ПАО ја доби драмата со Фенербахче
Ова беше трет триумф за Звезда во последните четири кола и вкупно 15. во сезоната, а има шанса да оствари уште еден бидејќи во следното коло гостува кај најслабиот тим во Евролигата, Алба. Што се однесува до вечерашниот натпревар, Звезда имаше контрола над резултатот во текот на сите 40 минути. Асвел знаеше на моменти да се врати во игра со серија поени, но домаќините брзо одговараа и го одбиваа ударот. На пет минути пред крајот, Звезда отиде на 66-52 и тука веќе беше јасно дека ќе оствари уште еден триумф.
Најдобар стрелец беше играчот на Асвел, Тео Маледон со 13 поени, додека кај Звезда, Кенан постигна 11.
Еден од најубавите натпревари оваа сезона одиграа екипите на Панатинаикос и Фенербахче. Славеше грчкиот тим со 91-90, а завршницата многу наликуваше на неодамнешниот дуел меѓу Партизан и Црвена Звезда.
Фенербахче имаше се во свои раце, предност од два разлика (90-88) и напад на 20-тина секунди пред крајот. Гудуриќ тогаш ја загуби топката, а Мели направи лична грешка, па Слукас од линијата за слободни фрлања го израмни резултатот. На турскиот тим сепак му останаа 11 секунди да организира акција, но Хејс Дејвис избрза и шутираше од неизградена позиција за веднаш потоа да направи непромислен фаул вез Кендрик Нан, на една секунда пред крајот. Американецот погоди едно слободно фрлање и му донесе победа на ПАО, исклучително важна во борбата за пласман во плејофот.
РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес - Реал 79-73
Жалгирис - Акба 73-53
Црвена Звезда - Асвел 73-66
Панатинаикос - Фенербахче 91-90
Баерн - Милано 87-70