„Јунајтед пак ќе биде голем – ни треба време да се адаптираме на системот на Аморим!“
Данецот, кој ги постигна двата гола за својот тим откако влезе од клупата, смета дека процесот на прилагодување е во тек.
„Ни треба повеќе време. Сè уште сме на почеток и работиме на адаптацијата. Мислам дека почнуваме да го разбираме системот, но очигледно е дека ни треба уште многу тренинг и време. Немаме доволно можности за тренинг, па учиме преку натпреварите. Тоа е најдобриот начин за напредок. Сигурен сум дека Јунајтед пак ќе биде голем,“ изјави Хојлунд.
Данскиот репрезентативец, кој досега има пет гола на шест натпревари во Лигата на Европа оваа сезона, претходно истакна дека новата формација целосно му одговара на неговиот стил на игра. Хојлунд (21) ги коментираше и предизвиците со кои тимот се соочил во Плзен, особено временските услови и состојбата на теренот.
„Беше навистина тешко. Времето беше многу студено, теренот беше каллив, а условите беа комплицирани. Но, успеавме да се приспособиме и во второто полувреме одигравме подобро,“ заклучи Хојлунд.
Манчестер Јунајтед со оваа победа го продолжи својот пат во Лигата на Европа, а напредокот во тактичката поставеност на тимот останува клучен предизвик за новиот менаџер Аморим.