Тренерот на Денвер: Речиси 10 години имам привилегија да го гледам Јокиќ

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи со одличните настапи во НБА-лигата, а тоа не го изненади тренерот на Денвер нагетс, Мајкл Мелоун, кој вели дека речиси 10 години има привилегија да ужива во магијата на неговиот играч.

Јокиќ за само 24 часа постигна дури 104 поени за Денвер, а Мелоун вели дека веќе е разгален затоа што Србинот со години игра на врвно ниво.

„Не можам да кажам дека сум изненаден, туку малку сум разгален, како и вие. Ги имам најдобрите места во салата да го тренирам и гледам тоа момче веќе 10 години“, кажа Мелоун.