Ждрепка за клупско СП: Нејмар против Реал, Меси и Интер Мајами имаа среќа!
Домаќин на првото издание во ваков формат ќе биде САД, а клубовите ќе играат во осум групи поделени по четири екипи и системот ќе биде ист како репрезентативниот Мундијал.
Ждрепката најавува интересни натпревари, но големо внимание привлекува и натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Ал Хилал, најмногу поради Бразилецот Нејмар кој ако биде спремен по подолго време повторно би се соочил со „кралевите“.
Интересно се очекува да биде и во групата „Г“ каде што се Манчестер сити и Јувентус, додека Интер Мајами на Лионел Меси доби група со Ал Ахли, Порто и Палмериас.
ГРУПА А: Палмеирас, Порто, Ал Ахли, Интер Мајами
ГРУПА Б: ПСЖ, Атлетико Мадрид, Ботофаго, Сиетл Соундерс
ГРУПА Ц: Баерн Минхен, Оукленд, Бока Јуниорс, Бенфика
ГРУПА Д: Фламенго, Eсперанса, Челси, Клуб Леон,
ГРУПА Е: Ривер Плата, Урава, Монтереј, Интер,
ГРУПА Ф: Флуминенсе, Мамелоди Шадоус, Борусија Дортмунд, Усан
ГРУПА Г: Манчестер сити, Видад, Ал Аин, Јувентус
ГРУПА Х: Реал Мадрид, Ал Хилал, Пачука Салзбург
Светското клупско првенство ќе се игра во текот на летото од 15 јуни до 13 јули.