Ослабениот Работнички не го издржа второто полувреме

Најтрофејниот македонски клуб Работнички го доживеа и петтиот пораз сезонава во АБА 2 лигата откако вечерва загуби на гостувањето кај Сутјеска со 75-94.

„Црвено-белите“ беа рамноправни во првото полувреме кое заврши со само четири поени предност за домашниот тим, но не го издржа вториот дел. Со оглед на тоа што за Црна Гора замина драстично ослабен, без Ѓуроски и Полутак, Работнички не можеше да парира со скратена ротација, па во второто полувреме успеа да постигне само 30 поени.

Се беше решено по серијата од 10-0 во последната четвртина по која Сутјеска поведе со 83-65, па до крајот на мечот успеа да го сочува водството и да дојде до драгоцена победа. Самарџиев искористи само седум кошаркари, а најефикасен беше новиот играч Капетановиќ со 18 поени.

Сега е јасно дека Работнички ќе заврши на последното место во групата откако во претходното коло ги загуби шансите за пласман во следната фаза. Сутјеска во последниот круг ќе има директен дуел за второто место со тимот на Босна.