Најдобриот македонски судија Александар Ставрев ја заврши кариерата
Ставрев важеше за најдобриот македонски судија кој судеше на бројни натпревари под организација на УЕФА, мечеви во Лигата на шампионите, Лига Европа, квалификации за ЕП и СП, Лига на нации...
Заедно со Ставрев во пензија замина и помошникот од неговиот тим, Дејан Костадинов.
Во Битола денеска пред почетокот на мечот меѓу Пелистер и Беса, претседателот на битолскиот клуб, Митко Стојковски им врачи подароци на Ставрев и Костадинов како благодарност за нивниот допринос за македонскиот фудбал.