Спектакуларната одбрана на Мењон во 94. минута со која го обезбеди првото место на Франција! (ВИДЕО)

Франција со 3-1 победи на гостувањето кај Италија и како прва заврши во групата од Лигата на нации, можеше да биде поинаку ако на голот го немаа голманот на Милан, Мајк Мењон.

Италија победи во Франција со идентични 3-1. Па со пораз од 3-2 од Французите тие ќе беа на првото место поради подобар меѓусебен дуел.

За тоа да се случи Моизе Кин имаше фантастична можност во 94. минута кога упати топовски удар, но следуваше неверојатна интервенција на Мењон кој го спаси голот.

Поради тоа што меѓусебниот дуел им е изедначен, следниот параметар кој се гледа е гол разликата, а Франција е подобра во тој сегмент, па го освои првото место во групата што значи дека потенцијално ќе има полесен противник во четвртфиналето.