Франција со три гола од прекин ја совлада Италија (ВИДЕО)
Франција до водство стигна од својата прва посериозна прилика уште во втората минута кога Рабио по нафрлувањето на Лука Дињ од корнер погоди со глава.
Веќе во 33. минута Франција поведе и со 0-2, а одново голот беше постигнат од прекин. Дињ по еден слободен удар ја погоди пречката, но топката од грбот на голманот Викарио заврши во мрежата.
Само две минути подоцна Камбијасо ја врати Италија резултатски во игра и намали на 1-2. Со тој резултат се замина и на паузата.
По 20-тина минути игра во второто полувреме, Франција го постигна и третиот гол од прекин. Рабио по уште еден корнер го постигна својот втор гол. Со овој триумф Франција го освојува првото место во групата, Италија завршува како второпласирана, а потоа следат Белгија и Израел.
Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин Израел со голот на Шуа во 86. минута ја изненади Белгија совладувајќи ја со 1-0.