Претседателката на Палмеирас брутално го понижи Нејмар: Ние не сме болница!

Претседателката на Палмеирас ги демантираше најавите дека Бразилецот, Нејмар ќе го напушти Ал Хилал и ќе потпише за бразилскиот клуб.

Леила Переира беше негираше дека Нејмар доаѓа во Палмеирас и со невкусен коментар порача дека тие не се болница, алудирајќи на повредите на Бразилецот.

„Ова не е вистинската адреса во Бразил каде што можете да прашате за враќање на Нејмар. Тој нема да потпише за Палмеирас Ние не сме болница и сакаме некој кој може веднаш да игра. Не сакам да потпишам договор со фудбалер кој не е подготвен“, изјави претседателката на Палмеирас.

Нејмар на терените се врати неодамна по паузата од една година поради повреда на коленото, но набрзо доживеа нова повреда и нема да може да игра во наредниот месец.