Убедливи победи на Англија и Норвешка, Халанд блесна со хет-трик (ВИДЕО)
Карсли го одработи своето на клупата и нов предводник на „Гордиот Албион“ ќе биде Томас Тухел кој ќе ја преземе функцијата од почетокот на годината. Првото полувреме во денешниот натпревар заврши без голови, а во вториот дел Англија во само шест минути постигна три гола.
Кејн го постигна првиот гол од пенал во 53. минута за во наредните пет минути во листата на стрелци да се запишат Гордон и Галгер. До крајот конечните 5-0 ги поставија Боувен и Харвуд Белис. На почетокот на вториот дел Ирска остана и без исклучениот Скејлс кој заработи втор жолт картон во 51. минута.
Пласман во „А-дивизијата“ обезбеди и Ерлинг Халанд кој со својата Норвешка исто така со 5:0 славеше над Казахстан. Норвежанецот во овој дуел постигна и хет-трик.
Во вториот натпревар од оваа група Австрија и Словенија одиграа без победник 1:1, па и тој резултат им одеше во прилог на Норвежаните.