Чаир по продолженија ја доби драмата со ТФТ, Шкупи го изненади Пелистер
По водството кое Чаир го имаше во почетните минути од натпреварот (2-3), ТФТ ја презема контролата и во самата завршница од период за првпат дојде до двоцифрена разлика (21-11).
Сигурната предност домашните кошаркари ја одржуваа и во втората четвртина, па така одмор заминаа со 13 поени разлика (44-31).
Во третиот период Чаир започна да се буди и да прикажува подобра игра, па така како што одминуваше времето во оваа четвртина предноста на ТФТ се „топеше“. Последната четвртина ТФТ ја започна со водство од пет поени (57-52).
Чаир за првпат по почетните (2-3) повреде во финишот од средбата со (72-74) и од тој момент до крајот гледавме неизвесен дуел кој не се реши во регуларниот дел, па се играше продолжение во кое поуспешни беа гостинските кошаркари.
Најефикасен на натпреварот беше Говенс од ТФТ со 31 поен, додека од редовите на Чаир Ролинс уфрли три помалку.
Во вториот натпревар во истиот термин Пелистер на свој терен беше изненаден од Шкупи и за битолчани оваа беше втор пораз во сезоната, додека Шкупи стигна до третиот триумф.
Не помогнаа за Пелистер ниту 26 поени на Антоан Брајан, но исто толку на спротивнат страна постигна и Арчи Жаке.