Премиерлигашката ѕвезда викендов гледаше натпревар на третолигаш (ФОТО)

Најдобриот фудбалер на Челси, Кол Палмер викендов не беше во составот на Англија за настап во Лигата на Нации, па слободното време го искористи и да го гледа натпреварот на третолигашот Стокпорт.

Стокпорт во саботата со 1-0 славеше победа над Врехам во англиската Лига 1 кое е трето по ранг натпреварување во Англија, а Палмер беше забележан на трибините.

Со присуството на англиската се пофали и Стокпорт кој на социјалните мрежи ја објави фотографијата од Палмер.