Роналдо прв човек на бразилскиот фудбал, селектор - Гвардиола?
Легендарниот напаѓач планира да се кандидира за претседател на Фудбалскиот сојуз на Бразил и има големи шанси да победи, а тоа може да се случи идната година кога треба да се одржат предвремените избори откако претходно ќе се повлече актуелниот прв човек Едналдо Родригес. Како најголем адут во својата кампања, Роналдо го посочи Пеп Гвардиола кој би требало да биде нов селектор на бразилската репрезентација.
Целата ситуација совршено се совпаѓа бидејќи договорот на Гвардиола со Манчестер Сити истекува на крајот од оваа сезона, а веќе има најави дека истиот нема да биде продолжен што значи дека Шпанецот ќе си замине по девет години на клупата.