Натпреварот во Букурешт предизвика дипломатски скандал: Романскиот премиер го нападна косовскиот колега
Петочниот натпревар од Лигата на нации меѓу Романија и Косово се уште е во центарот на вниманието на европската фудбалска јавност, но во скандалот сега се вклучија и премиерите на двете земји.
Во текот на викендот, косовскиот премиер Аљбин Курти ги прими косовските репрезентативци, заедно со стручниот штаб и ги нарече херои затоа што одлучиле да го напуштат теренот и покрај тоа што до крајот остануваа уште 1-2 минути. Неговата изјава го изнервира романскиот колега Марсел Чолаку кој жестоко му реплицираше.
„Тотално е неприфатливо тоа што го прави косовскиот премиер кој ги меша политиката и спортот и тврди дека ќе изврши политичко-дипломатски притисок да не казнат. Неговата 'екселенција' залудно се обидува виновникот да го прикаже како жртва и што е уште полошо, сака да изврши политички притисок на европски фудбалски орган, надевајќи се на илузорна одлука. Директно му кажува дека, колку и да се обидува, не може да ја дезиформира јавноста и да оди по погрешен пат бидејќи политиката нема што да бара во спортот. Што се однесува до она што се случи во петокот, вистинската е само една: виновници се јасни и тоа не се романските фудбалери, ниту пак публиката во Букурешт“, рече Чолаку.
Фудбалскиот сојуз на Косово најави жалба до УЕФА по она што се случи во романската престолнина, а во своето соопштение во саботата дури девет пати го употребија зборот расизам иако никој не забележа такво нешто.