„Да му беше Ивковиќ селектор, Дражен никогаш немаше да загине во сообраќајка!“

Легендарниот југословенски и српски кошаркар, Жарко Паспаљ, се присети на трагедијата која го потресе спортскиот свет во 1993 година, кога животот го загуби најдобриот европски кошаркар на сите времиња, Дражен Петровиќ.

Тој, во интервју за хрватские медиуми, опиша како ја дознал веста за смртта на својот долгогодишен соиграч од националниот тим.

„Бев во Грција, во Пиреја. Одев на тренинг кога ги слушнав првите вести. Не ги разбрав најдобро или можеби не сакав да верувам дека се вистинити. Но, кога стигнав во клубскиот салон, сè ми стана јасно. Не можев да верувам дека се случува тоа. Подоцна дознав детали,“ изјави Паспаљ.

Тој додаде дека трагедијата можела да биде избегната доколку Душан Ивковиќ бил селектор на Хрватска во тој период.

„Дражен во тој момент беше дел од репрезентацијата и требаше да остане со тимот. Не можам да сфатам зошто замина сам. Дуда никогаш не би го пуштил да патува сам. Сè останато е влијание на судбината. Тоа е тешко да се објасни. На жалост, прерано нè напушти. Прерано и сосема бесмислено“, дополни Паспаљ.

Петровиќ на 7 јуни 1993 година трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на автопатот А9 кај Денкендорф, Германија. Неговата девојка Клара, која го возела автомобилот, удрила во друго возило со брзина од околу 160 км/ч. Дражен спиел на совозачкото седиште, при што бил фрлен од автомобилот и загинал на лице место.