Аморим ќе добие драстично помал буџет за засилувања од Тен Хаг

Манчестер јунајтед го ангажира португалскиот тренер Рубен Аморим, но газдите се решија на еден потег кој дефинитивно ќе го разочара новиот стратег.

Аморим сакаше да добие неколку засилувања во јануари и јуни, но очигледно ќе има ограничен буџет за такво нешто.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека газдите на клубот решиле да му дадат драстично помал буџет на Аморим за разлика од неговиот претходниот Ерик Тен Хаг.

Причината за овој потег е тоа што сакаат од Аморим да го извлече максималниот потенцијал на фудбалерите кои се веќе во екипата на „црвените ѓаволи“.