Олимпијката Релиќ освои бронзен медал на силниот турнир во Загреб!

Македонската олимпијка во таеквондо, Милијана Релиќ, освои бронзен медал на меѓународниот турнир од серијата Г1 во Загреб, со што го започна патот кон квалификациите за Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Релиќ поради високото рангирање беше слободна во првото коло, а во второто ја совлада Американката Хлое Чуа со 2-0 во рунди. Во четвртфиналето, по неизвесна борба и одлука на судиите, ја победи Србинката Наѓа Савковиќ со 2-1, прекинувајќи ја низата од три претходни порази против истата противничка.

Македонката во полуфиналето загуби од Шпанката Арлет Ортиз Бените, но нејзиниот настап и освоените поени ќе бидат значајни за светската и олимписката ранг-листа, како подготовка за Лос Анџелес 2028.