Синер најави уште подобри денови: Сè уште не сум го достигнал максимумот
Синер во моментов е недопирлив на АТП-листата, но и покрај тоа смета дека не го достигнал максимумот и може да игра уште подобро во следните месеци.
„Сè уште имам простор за напредок, уште не сум го достигнал максимумот. Во финалето играв одлично, но не беше така во текот на целиот турнир. Постојат работи во мојата игра кои можат да бидат подобри“, кажа Синер.
Италијанецот создаде предност од речиси 4.000 поени пред второпласираниот Александер Зверев и ќе остане прв на ранг-листата дури и да не игра на Австралијан опен.