Кејн доби статуа во Лондон, навивачите се во шок од нејзиниот изглед (ФОТО)

Статуа на англискиот голгетер Хари Кејн беше поставена во спортскиот центар „Питер Меј“ во Лондон, но навивачите останаа изненадени од истата.

Навивачите се разочарани од изгледот на статуата, кој не потсетува на англискиот голгетер и напаѓач на Баерн Минхен.

„Горд сум, ова беше момент да се вратам таму каде што почна мојот фудбалски живот“, кажа Кејн.