Симеоне веќе не е толку сигурен, познати фаворитите за негов наследник

Aргентинскиот стратег, Диего Симеоне би можел да го напушти Атлетико Мадрид по завршувањето на сезоната, пишува „Релево“.

Можеби станува збор за најуспешниот тренер во историјата на клубот, но тоа не значи дека во Мадрид ќе остане засекогаш. За првпат од неговото доаѓање во 2011 година во шпанските медиуми започна да се пишува за негово заминување и причина за тоа не се нешто послабите резултати, туку чувството на истрошеност кое се забележува.

Не е тоа единствена причина секако. Голема улога во целата ситуација би можел да одигра новиот директор на фудбалот во Атлетико Карлос Букеро кој на оваа функција е од јануари 2024 година.

Тој стигна неколку месеци пред Симеоне да го продолжи договорот на уште три години и на брзо го отпушти спортскиот директор Андреа Берту кој беше човек од доверба на Симеоне и со него Аргентинецот соработуваше од 2013 година. Не „преживеаа“ ниту уште неколку други членови на Атлетико кои беа блиски до Симеоне. Односот на новиот директор со фудбалерите е доста „поладен“ и наводно тоа влијаеа на хармонијата во клубот. 

Се пишува и дека Атлетико ги разгледува потенцијалните наследници на Симеоне. Едно од првите имиња кои се истакнуваат е Фернандо Торес кој работи во младите категории. Желба наводно е и Унаи Емери, меѓутоа тој тешко дека би успеале да го доведат поради резултатите кои ги забележува со Астон Вила. 

Се споменуваат уште Јулиен Лопетеги и селекторот на Шпанија, Луис Дел Фуенте. Атлетико сепак не сака да еднострано да го раскине договорот со Симеоне кој е вистинска легенда на клубот и со кои освои две титули во Ла Лига, две во Лига Европа и по еден Суперкуп на Европа и еден Копа дел Реј.
Исто така Симеоне е најплатениот тренер во светот и раскинот на договорот скапо би го платиле.