Малку недостасувало: Во Денвер биле блиску да формираат тандем со Јокиќ и Дончиќ!

Денвер Нагетс имале голема желба во својот тим да формираат тандем Никола Јокиќ - Лука Дончиќ, откри новинарот Мајкл Сингер, новинар кој ги следи случувањата во тимот на Денвер.

Во подкастот „Тhe Hoop collective“, Сингер зборува дека Денвер сакале да го доведат Лука Дончиќ на драфтот во 2018 година. Во нивната понуда бил вклучен Гери Харис и пикот од првата рунда.

„Нагетси знаеа дека Владе Дивац не е премногу заинтересиран за Лука Дончиќ. Имаа планови да формираат тандем со Јокиќ и Дончиќ. На драфтот во 2018 година се обидоа. Постоеше и предлог, го понудијата Гери Харис за двториот пик и два пика од првата рунда. Тоа се информациите кои ги поседувам. Направете ретроспектива. Кингси го драфтвуваа Марвин Бегли како втор пик. Не велам дека тој тред беше неизбежен. Сакам да кажам дека Нагетси го знаеа ставот на Дивац за Дончиќ и само сакаа таа ситуација да ја искористат“, истакна поранешниот новинар на „Денвер Пост“.

Дончиќ од Реал Мадрид пристигна во НБА лигата, а во 2018 година го избра Атланта како трет пик од првата рунда. Потоа беше трејдуван во Далас каде и што денес игра.