Романски новинар ги нападна романските навивачи поради Косово: Вие сте необразована багра

Романскиот новинар Нарчис Дрејан ја изненади тамошната јавност откако остро ги нападна навивачите на репрезентацијата за она што се случувааше во петокот, за време на дуелот против Косово.

Мечот беше прекинат во финалните минути затоа што домашните фанови скандираа „Србија, Србија“ што ги изнервира косовските фудбалери и тие го напуштија теренот. Дрејан е изнервиран поради скандирањето за друга држава со која Романија има добри односи, но во минатото често била и во конфликт.

„Лесно е однапред да се осудува и да им се качиме на Косовците на врат. Политичката позадина меѓу Романија и Косово датира уште од пред 25 години, тогашниот претседател Емил Константинеску не дозволи влез на НАТО авиони во воздушниот простор за да се изврши воената интервенција во тогашна Југославија.

Да ви објаснам малку историја. не може да скандирате 'Србија, Србија' на стадион пред луѓе кои Србите буквално ги масакрирале. Не било тоа 1940 година, туку пред 25 години. И ние сме уште под трауми поради револуцијата во 1989 година кога Романци убиваа Романци. Навивачите на Романија се необразована багра, никој од нив не поминал низ војна и немаат емпатија кон болката на другите. Меѓу нив има криминалци кои сметаат дека е вистинска работа да се извикуваат навреди кон луѓе кои поминале низ хорор.

Заборавивте ли кога на мечот Србија-Романија не нарекуваа 'цигани'? Брзо забораваме некои работи“, порача Дрејан.

Епилогот од прекинот меѓу Романија и Косово уште не е познат иако се шпекулира дека Романците ќе го добијат службено.