Србите пак плачат од Цвајер - ги оштети во 2018 година, ги оштети и вечерва (ВИДЕО)
Причина за тоа е недосудениот пенал за Србија во осмата минута од мечот кога Виктор Нелсон играше со рака во сопствениот шеснаесетник, но Германецот не покажа на белата точка.
За волја на вистината, овојпат не е самиот виновен бидејќи и од ВАР собата доби консултација дека не постојат услови за пенал за домашната репрезентација. Цвајер е истиот судија кој во 2018 година, на Светското првенство во Русија, ја оштети Србија на дуелот против Швајцарија.