Шпанецот Раул и официјално го презема Пелистер
Алонсо потпиша договор на една ипол години со екипата од Битола, а веќе го одработи и првиот тренинг со неговите ракометари. Спортскиот директор Звонко Шундовски се сретна со шпанскиот стратег и го запозна со клубот и градот.
Станува збор за искусен 45-годишен тренер кој дел од кариерата помина во Германија, каде што работеше за Обернбург и Рајн Мен Бинен, по што беше дел и од Кил. Исто така, Алонсо со успех во водеше Тирол, а потоа седна и на кормилото на Мешков Брест и Ерланген.
Дебито на Шпанецот Раул е закажано за в среда од 20.45 часот против Фредериција во Лигата на шампиони.