Партизан никогаш не бил вака понижен пред дуелите со Црвена Звезда!

Обложувалниците ја сметаат Црвена звезда за изразит фаворит во претстојниот натпревар против Партизан, што не е изненадување со оглед на досегашните резултати во Евролигата.

Првото кошаркарско вечно дерби сезонава ќе се одигра в четврток (20 часот), во рамки на 11. коло од Евролигата и тоа во „Белградската арена“, каде што Црвена звезда ќе биде домаќин, а Партизан, иако во гостинска улога, ќе има поддршка од 1.000 свои навивачи.

Црвена звезда, со три победи повеќе од ривалот, ја доби улогата на фаворит, а згора на тоа дополнителна предност ѝ е домашната публика, која често играла значајна улога во минатите дуели. Сепак, изненадувачки е колку малку шанси обложувалниците му даваат на Партизан за победа. Квотата за триумф на „црно-белите“ изнесува високи 2.65, додека за Црвена звезда е значително пониска – 1.47.

На табелата од Евролигата, Црвена звезда моментално е на 10. место со биланс од пет победи и пет порази, додека Партизан е на самото дно со само две победи и осум порази.