Барселона не дозволи сензационален пресврт на Партизан
Доминираше Барселона од почетокот на средбата и многу брзо гостире поведоа и со двоцифрена разлика.
Партизан сепак успеа во завршницата од првиот период да се врати на ,,минус четири" (23-19).
Втората четвртина одново донесе подобра игра Барселона, па така на паузата гостинските кошаркари имаа водство и од 35-49.
Подобрата игра на Барселона продолжи и до средината на третата четвртина. а највисоката предност на каталонскиот гигант изнесуваше и 23 поени разлика (42-65).
Во тие моменти Партизан како да започна да се буди и преноста на гостите од минута во минута се намалуваше.
Дојде Партизан и до ,,минус еден. (79-80), но тоа беше се од црно-белите. Барселона одново ,,додаде гас" и стигна до триумф.