Израелците во Франција дочекани со палестински знамиња и транспаренти (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Израел вечерва и гостува на Франција во рамките од Лигата на Нации, а овој натпревар со себе носи и огромна тензија.

Во последните денови беше објавено и дека милиони евра се потрошени за обезбедување на овој натпревар, а на домашните навивачи им е забрането да внесат знаме на Палестина или било какви други симболи на отпорот на израелска окупација.

Но, на патот улиците пред стадионот беа окупирани од палестински демонстранти кои се против одигрување на натпреварот и кои одлучија на таков начин да го искажат своето незадоволство.