Асвел ја доби драмата со Звезда, петти пораз за „црвено-белите“ во Евролигата

Црвена Звезда во еден драматичен натпревар со неизвесна завршница претрпе пораз на гости кај Асвел со 77-74.

Домашните кошаркари наметнаа подобра игра од самиот старт, но во првата четвртина не успеваа да направат разлика поголема од шест поени. По првиот период српскиот гигант имаше негатива од (24-20)

Во вториот дел продолжи истата слика на теренот, францускиот претставник го зголемуваше водството, па во финишот од првиот дел стигна и двоцифрена предност од 11 разлика (43-32).

Третиот период донесе нешто подобра игра на белградскиот гигант, сепак не довозолна за да го свртата резултатот. Се доближија до „минус три“, но Асвел пред крајот го зголеми водството и дојде до седум гола водство (58-51).

Последниот период ја донесе и најдобрата игра на Звезда во овој натпревар, а тука и за првпат поведоа во натпреварот со 61-62.

Oд тој момент па до крајот гледавме неизвесен натпревар во кој на крајот се радуваа домаќините.