Фудбалерот на Баерн во исто време игра фудбал и служи воен рок

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Ким Мин-Јае освен што е дел од Баерн Минхен паралелно ги извршува обврските за воен рок кон својата земја.

Германски „Билд“ открива и како фудбалерот успева да ги исполни обврските на двете страни. Ким може онлајн да оди во војска во Јужна Кореја бидејќи веќе го завршил првиот дел кој е обврска за познатите спортисти во земјата и тој изнесува 450 часа место 18 месеци. Ким тоа го заврши како фудбалер на Наполи во 2023 година.

Летото 2023 три недели помина во војска и ја заврши обуката. Но, сега треба да посетува и 100 часови онлајн. Тоа го прави од Минхен преку видео линк.

Ким во текот на овој втор дел од воениот рок одржува и предавања пред помладите колеги каде што им зборува за почитувањето на вредностите и дисциплината која го довела до спортскиот успех.