Валенсија се враќа на фудбалот по поплавите, фудбалерите ќе носат специјални дресови

Екипата на Валенсија на македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски се враќа на фудбалот по паузата поради големите поплави од кои беше погоден градот.

Последниот натпревар Валенсија го одигра на 27 ноември и во меѓувреме одложени им беа два натпревари.

Во натпреварот во кој се враќаат на теренот ќе се соочат со Бетис на гости во Андалузија.

На натпреварот фудбалерите ќе носат дресови во црна боја поради трагедијата и големиот број загубени животи. Исто така парите од дресовите ќе одат на аукција, а заработените пари ќе се донираат на најпогодените од поплавите.