Што дочекавме: Косово среде Скопје ги прегази талентите на Канатларовски!

Репрезентацијата на Македонија за фудбалерти до 21 година загуби во денешната пријателска пресметка со Косово (1-3) на првиот од двата предвидени натпревари, кој се одигра на тренинг-комплексот на ФФМ „Петар Милошевски“.

Нашите надежи ја отворија средбата со брзо водство, со голот на Никола Величковски уште во 19. минута. Гостите, за жал, брзо одговорија, а нивното израмнување дојде во 29. минута, кога Арјант Фазлија погоди за 1-1.

Косово направи целосен пресврт во вториот дел, откако прво Куртиши му донесе водството со гол во 66. минута, за Куканај да го постави конечниот резултат во 87. минута. Двата тима ќе се соочат повторно в недела од 12 часот, исто така на тренинг-комплексот на ФФМ „Петар Милошевски“.

Ова се први дуели за младинската селекција по лошиот настап во квалификациите за ЕП 2025, во кое завршивме на четвртата позиција со 12 бодови, убедливо помалку од Холандија (30), Грузија (19) и од Шведска (17).