Фудбалерите бркаат историја против Летонија – за промоција и место во баражот за СП!
Македонија со четири победи го зазема првото место во Групата 4 од Ц-дивизијата и вечерва против Летонија (20.45 часот) на арената „Тодор Проески“ во Скопје ќе се обиде и математички да ја забетонира лидерската позиција на табелата. Селекторот Благоја Милевски и репрезентативците се решени да го завршат циклусот со максимални резултати и две победи во ноември, што би поставило нови рекорди за македонскиот фудбал. Со успех против летонската репрезентација, жолто-црвените Македонија би станала прва селекција од групата која ќе се пласира во повисок ранг, а со четири победи по ред, ќе постигне историски континуитет на триумфи.
Иако настапот на капитенот Енис Барди е неизвесен, поради што Милевски изрази загриженост, позитивно е што Барди учествуваше на вчерашниот тренинг.
„Овие момци, без разлика на проблемите, секогаш го даваат максимумот за Македонија и го заслужуваат мојот респект. Нашата цел е првото место“, изјави Милевски.
Репрезентативниот голман Столе Димитриевски, пак, изјави дека тимот не чувствува притисок, нагласувајќи дека најважна е победата и задржувањето на врвот во групата. Македонија победи вечерва против Летонија и за три дена исто така дома против Фарски острови, би се нашла во позиција да се бори за место во баражот за Светското првенство 2026 – со место меѓу 16 селекции што ќе се борат за пласман, а што ќе се знае дури по завршувањето на квалификациите.