Гигантите од Манчестер во битка за двајца хрватски репрезентативци

Фудбалерите на хрватски Динамо Загреб, Петар Сучиќ и Мартин Батурина според последните информации се желба на двата гиганти од Манчестер.

 

Медиумите на островот пишуваат дека Манчестер јунајтед и Манчестер сити ќе водат битка надвор од терените за потписот на двајвата хрватски репрезентативци.

На големата сцена двајцата се промовираа во дресот на Динамо Загреб, а посебно блескаа и во Лигата на шампионите каде и што го привлекоа вниманието на себе.

Исто така двајцата се повеќе добиваат прилика и во репрезентацијата на Хрватска. Нема дилеми дека во Динамо ќе се обидат повторно да ја наполнат касата и добро да заработат.