Промена на термините во шпанскиот Суперкуп

Суперкупот на Шпанија ќе се одржи од 8 до 12 јануари во Саудиска Арабија, а ќе учествуваат четири шпански екипи, Реал Мадрид, Барселона, Мајорка и Атлетик Билбао.

Денеска беа променети термините во шпанскиот Суперкуп, односно први на теренот ќе излезат Барселона и Атлетик Билбао на 8 јануари, а еден ден подоцна ќе играат Реал Мадрид и Мајорка, иако според првичниот распоред термините беа обратни.

Финалето во шпанскиот Суперкуп ќе се игра на 12 јануари во Џеда, С. Арабија.