ФИФА мислеше на се: Меси ќе игра на клупското СП иако не заслужи

Голема прашина се крена во спортската јавност откако ФИФА одлучи да стартува ново Светско првенство за клубови со 32 учесници.

Како што е познато летото 2025 година Америка ќе биде домаќин на првото Светско клупско првенство во нов формат. Меѓутоа многу се пишуваше околу клубовите кои ќе учествуваат, а сега во центарот на вниманието е Интер Мајами.

ФИФА на време донесе одлука првиот во регуларниот дел од МЛС лигата да обезбедува учество, интересно, баш кога Интер Мајами го обезбеди првото место пред плеј-офот.

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино сакаше да се обезбеди дека Лионел Меси ќе биде дел од натпреварувањето и не сакаше да ризикува со евентулна елиминација во плеј-офот што на крајот и се случи. Интер Мајами беше поразен од Атланта која регуиларниот дел од МЛС лигата го заврши на деветтата позиција.

Сепак, без разлика што плеј-офот брзо го завршија Интер Мајами ќе се натпреварува со најдобрите светски клубови. Светското клупско првенство ќе се одржи од 15 до 13 јули.